Милан има тандем таман за Скудето – Леао асистира, Тонали погодува за врвот во Серија А (Видео)

Сандро Тонали и Рафаел Леао се тандем на Милан што може да биде клучен за титула во Италија, а Росонерите вечерва прегрмеа тепко гостување во Верона и победија со 3:1.

Леао двапати му асистираше на Тонали, кој направи пресврт со два гола за голема победа на Милан, која пак го носи на врвот во италијанското првенство со 80 бода, два повеќе од Интер на две кола до крајот на првенството.

Давиде Фараони со гол во 38. минута му се закани на Милан, но за среќа на гостите тандемот Леао-Тонали се истакна во судиското продолѓение од првото полувреме и Росонерите израмнија на 1:1.

Клучниот момент на мечот се случи во 50. минута и повторно беспрекорно функвионираше тандемот што му донесе победа на Милан.

Леао имаше извонреден продор и во вистински момент му асистираше на Тонали за триумф на Милан.

Вториот гол на Тонали моѓете да го погледнете ОВДЕ.

Во финишот на мечот Флоренци постигна нов гол за Милан и ја потврди големата победа што може да им го донесе Скудетото.

Росонерите со два бода повеќе ќе ги почнат последните две кола, а ќе играат против Аталанта дома и со Сасуоло на гости.

Доволно им е да освојат четири бода за да ја освојат 19-та титула во Италија, бидејќи имаат подобар меѓусебен биланс со Интер.

Актуелниот шампион мора да ги победи Калјари на гости и Сампдорија дома и да чека барем еден пораз на Милан за да ја одбрани титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести