Екипата на Милан е освојувач на вториот „Трофеј Силвио Берлускони“, кој се игра во чест на поранешниот сопственик на Црвено-црните од Милано и Монца. Токму овие две екипи втора година по ред играат во чест на човекот кој направи многу и за Милан и за Монца.
Милан беше подобар со 3-1, со головите на Салмакерс, Јовиќ и Рејндерс, а Монца успеа само да израмни преку Малдини.