Милан, Јувентус и Челзи подготвуваат голема размена

Како се доближува почетокот на зимскиот преоден рок, започнуваат да се откриваат идеите кои ги имаат големите екипи за освежување на своите состави. Според најавите, на повидок е голема размена во која ќе бидат вклучени Милан, Јувентус и Челзи.

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, е голем фан на Гонзало Игуаин. Тој сакаше да го купи напаѓачот уште во времето кога беше предводник на Наполи, но Јувентус тогаш не дозволи. Сега е можно остварување на желбата на Сари во својот тим да го има Игуаин, но ќе мора да дозволи Алваро Мората да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Игуаин моментно игра како позајмен играч во Милан, но Аргентинецот не игра на посакуваното ниво. Дури се споменуваше дека Милан ќе сака да го врати Игуаин во Јувентус уште во јануари и на тој начин „росонерите“ би ослободиле еден голем дел од финансискиот „колач“, бидејќи Игуаин е вториот најплатен фудбалер во Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо.

Мората би заминал во Милан, но сепак одобрение за оваа трампа меѓу Челзи и Милан ќе мора да дадат и челниците на Јувентус, затоа што Игуаин фактички уште е нивен играч, кој игра на позајмица во Милан. „Старата дама“ од целата оваа размена ќе заработи финансиски, па нема причина зошто да не се согласи да биде рализиран договорот меѓу Милан и Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести