Тренерот на Жирона посакува во ЛШ да играат со Ливерпул или Баерн, а да избегнат два тима

Тренерот на Жирона, Мичел, даде интервју во кое беше прашан со кои тимови сака да се сретнат во Лигата на шампионите следната сезона, кога малиот каталонски клуб ќе дебитира во најсилното клупско натпреварување во Европа.

„Би сакал да ни дојде Ливерпул. Или Баерн, Јуве, тоа се тимови кои сме навикнати да ги гледаме на телевизија. Се надевам на некој историски меч. Не би го сакал Сити, имаме исти сопственици, а и тие се како Реал Мадрид. Пеп би се обидел да ни даде пет гола. Никако не би сакал да играме со нив“, посакува Мичел.

За играњето дома, тој нема дилеми.

„Не мора да се отстрануваат дополнителните трибини, но луѓето нема да можат да влезат на нив за мечевите од ЛШ. Ќе имаме помал капацитет, но сакаме да се игра на Монтиливи. За да уживаме, мора да се игра на нашиот стадион“, додава Мичел.

Мичел не му се лути на колегата Чави за изјавата дека Барса била доминантна на двата меча против Жирона, иако Жирона ги доби тие средби со по 4-2.

„Не се согласувам 100% со тоа што го кажал. Мислам дека Чави жали што не ни направија поголема штета во тие 60 минути во саботата. Тој има перцепција дека оставајќи нè живи, на крај имаше последици по нив. На првиот натпревар ни шутираа повеќе, но нашите шанси беа почисти. Кога ќе се доближевме до нивниот гол, сериозно ги загрозувавме. Во последниот натпревар викендов, до 60-та минута не гледав начин како ќе победиме. Но, после голот за 2-2 го сменивме чипот. Од доминирани станавме доминатори“, анализира Мичел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести