Милан ќе понуди 100 милиони евра за Герет Бејл

Велшкиот фудбалер Герет Бејл би можело од следната сезона кариерата да ја продолжи во калчолигашот Милан. Бејл е најскап играч во Реал Мадрид, но полека го загуби местото во почетните 11, па „,кралевите“ би можеле да го продадат доколку добијат добра понуда.

Досега името на Бејл се врзуваше за враќање во Премиер лигата, интерес за него имаше од Манчестер јунајтед и Челзи, но сега како идна дестинација првпат се спомнува Италија.

Милан во јануари се засили со голгетерот Кжиштоф Пјонтек и амбициите на сопствениците им пораснаа, па ќе се потрудат летово да го ангажираат крилото на Реал. Според шпекулациите на италијанските и шпанските медиуми, доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите, за Бејл би платил 100 милиони евра, што е сумата која европскиот првак ја плати за Велшанецот кога го донесе од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести