Милан му приреди кошмарен финиш на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед и Милан одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ во најатрактивниот меч од осминафиналето во Лигата на Европа. По првиот дел немаше погодоци, а на почетокот на второто полувреме, домаќините со погодокот на Амад Диало поведе со 1:0.

Тинејџерот влезе во игра во второто полувреме и со неговиот прв шут кон противнички гол во сениорскиот дрес на Манчестер успеа да го совлада Џиџи Донарума. За погодокот на Диало, одлично асистираше Бруно Фернандеш. Погодокот може да го видите ТУКА.

Милан не се предаде и тргна офанзивно да израмни. Росонерите имаа повеќе шанси за погодок, а радоста за гостите стигна во финишот, односно во 90+2 минута, кога Кјер погоди со глава за 1:1 и обезбеди добар резултат за Милан пред реваншот на „Сан Сиро“.

Мечот ќе се памти и по неверојатното промашување на Хари Мегваер во првото полувреме, кога капитенот на Манчестер промаши празен гол од 30-40 сантиметри.

Во останатите три мечеви кои завршија во ЛЕ, Ајакс си обезбеди одлична позитива од 3:0 против Јанг Бојс, како и Вилјареал кој со 2:0 славеше на гости кај Динамо Киев. Средбата меѓу Спарта Прага и Ренџерс заврши 1:1, а домаќините постигнаа еврогол.

- Оглас -

Најнови вести