Само што започнаа возбудувањата во Лига на Европа, постигнат еврогол (Видео)

Славија Прага е тимот кој го даде првиот гол во осминафиналните мечеви од Лигата на Европа и тоа беше ремек дело. Чешкиот тим одлично го отвори мечот и по само седум минути игра стигна до предност од 1:0 во дуелот со Глазгов Ренџерс.

Играчите на Ренџерс пред неколку дена ја прославија првата титула во Шкотска по пауза од 10 години, но на европска сцена ќе има тешка задача да се пласира меѓу осумте најдобри во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Голот кој вреди да се погледне го постигна Станчиу и може да го видите ТУКА.

На останатите три меча кои се играат во моментов, до 30 минута Вилјареал води на гости кај Динамо Киев, а нема погодоци на натпреварите Ајакс – Јанг Бојс и Манчестер јунајтед – Милан.

- Оглас -

Најнови вести