Големата надеж на италијанскиот фудбал Сандро Тонели во новата сезона ќе го носи дресот на Милан. Италијанските медиуми вечерва пренесоа информација дека 20-годишниот офанзивен играч за врска ќе пристигне на „Сан Сиро“.
Тонели во изминатава сезона го носеше дресот на Бреша, каде што го покажа раскошниот талент, но тоа не беше доволно тимот да се спаси од испаѓање. За Тонели се интересираа Јувентус и Интер, а Нераѕурите беа потенцирани како главни фаворити за овој играч. На крајот, наместо во Интер, Тонели ќе заврши во Милан.
Талентот ќе игра во Милан како позајмен играч, со можност Росонерите на крајот од сезоната да го откупат договорот. Многумина прогнозираа дека токму Тонели треба да биде новиот Андреа Пирло во италијанскиот фудбал.
Sandro Tonali to AC Milan, confirmed and it’s a done deal: here we go! Agreement reached for a loan with buy option from Brescia. Personal terms agreed today. Inter are out of the race after having an agreement with Tonali since April. 🔴⚫️ @SkySport @DiMarzio @PeppeDiSte #Milan
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 30, 2020