2506 Тромсо – Бодо/Глимт (18.00 часот)
Бодо/Глимт уште на стартот на сезоната покажува дека е најсилен тим во Норвешка, има шест победи и едно нерешено во првите седум кола. Тромсо има три победи на шест меча. Бодо е убедливо најефикасен тим во лигата со 18 гола на седум меча, а Тромсо е еден од најнеефикасните, има само пет погодоци на шест настапи. Во минатата сезона Бодо загуби на гостувањето во Тромсо со 2-3, а пред тоа победи со 3-2.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.23)
1952 Истанбулспор – Галатасарај (19.00 часот)
Галатасарај ако победи вечерва, ќе биде многу блиску до титулата бидејќи би имал минимум пет бода предност на три кола до крајот. Галата е тим со најцврста одбрана во турската лига. Истанбулспор е во одлична форма, во последните пет кола освои 11 бода и ако остане непоразен и вечерва, речиси сигурно ќе обезбеди опстанок. Неодамна одиграа 3-3 со Фенербахче, што најавува дека фаворитот нема да има лесна задача. Традицијата е на страна на гостите, Истанбулспор 20 години нема победа над Галатасарај.
Предлог тип: 2 & 0-4 (1.80)
5603 Ал-Хилал – Ал-Итихад (20.30 часот)
Ал-Хилал нема шанси за титула, но со евентуална победа може да му го подзапре патот на Ал-Итихад кон титулата. Ал-Итихад сезонава на 26 меча прими само 11 гола, а во просек дава по два гола по средба. Ал-Итихад има само два порази сезонава, но едниот беше токму од Ал-Хилал. Пред неполн месец, Ал-Хилал беше подобар од Ал-Итихад и во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија.
Предлог тип: 1–3 I & 1-3 II (1.80)
6003 Интер – Милан (21.00 часот)
Победата од 2-0 на првиот меч не е гаранција за Интер дека ќе оди понатаму, но тоа е голема предност која би требало да им донесе финале на Нераѕурите. Во вакви ситуации, кога на едниот тим му е доволно и реми или минимален пораз, клубовите кои бранат предност често знаат да тактизираат, а Милан ќе проба да го искористи тоа. Интер е во многу подобра форма од Милан во Серија А, а Милан во јануари 2016 година за последен пат го победи Интер со три гола разлика, колку што им треба и вечерва.
Предлог тип: Т2 1+ пол. (2.55)
1011 Лутон – Сандерленд (21.00 часот)
Сандерленд првиот меч го доби со 2-1, Црните мачки славеа со пресврт, вечерва на потег е Лутон таун, кому му е доволна и победа од 1-0 за да се пласира во финалето за влез во Премиер лигата на „Вембли“. Лутон беше трети во лигашкиот дел од Чемпионшип и беше фаворит на некој начин во овој двобој, но искуството и историјата се на страната на Сандерленд. Традицијата на меѓусебните дуели најавува меч на кој ќе има голови, но не повеќе од три.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)