Откако пропадна можноста за потпишување на договор со Тијаго Силва, кој официјално се пресели во Порто, Милан сега посакува одбраната да ја засили со 39-годишниот Серхио Рамос, поранешен столб на Реал Мадрид и Шпанија.
Централниот дефанзивец е отворен за идејата да игра во Серија А, што го потврди и експертот за трансфери Фабрицио Романо. Рамос од нова година е слободен играч откако ќе му истече договорот со мексикански Монтереј.
Сепак, пречка за трансфер може да биде неговата плата, бидејќи тој бара најмалку 4 милиони евра нето. Во Италија, никој не може да си дозволи да ангажира играч на негови години за таа плата. На пример Лука Модриќ во Милан заработува 3 милиони евра.

