Милан по пауза од 49 дена конечно победи, Камарда испиша историја во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Милан конечно го прекинаа постот и славеа во Серија А, откако вечерва со 1:0 ја победија Фиорентина, а притоа Франческо Камарда испиша историја.

Камарда со 15 години, осум месеци и 15 дена, стана најмладиот фудбалер кој заиграл на натпревар во Серија А.

https://twitter.com/i/status/1728527229121081793

Човек на одлука за Росонерите беше Тео Ернандез кој единствениот гол го постигна од пенал во последните моменти од првото полувреме.

Благодарение на Ернандез, Милан конечно по 49 дена успеа да победи во Серија А.

Последниот триумф на Росонерите беше на седми октомври кога ја совладаа Џенова со 1:0. Оттогаш, Росонерите одиграа четири меча во Серија А, и по двапати загубија (Јувентус 0:1, Удинезе 0:1) и ремизираа (Наполи 2:2, Лече 2:2).

Со победата, Милан се искачи на третото место на табелата со 26 освоени бодови, пет помалку од лидерот Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести