Милан на својот „Сан Сиро“ славеше над Болоња со 2:1 во првиот меч од 36. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф Росонерите стигнаа до 60 бодови, додека Болоња остана на 62 бодови и двата тима остануваат во трка за место кое води во Лига на шампиони.
Не делуваше дека Милан може да ги освои трите бодови, затоа што гостите први постигнаа гол и тоа преку Рикардо Орсолини во 49 минута. Сепак, Црвено-црните со одлична игра во последните 20 минути направија целосен пресврт.
Хименес погоди за 1:1 во 73 минута, а шест минути подоцна Пулишиќ го комплетираше пресвртот. Во судиското надополнување, повторно Хименес погоди за конечни 3:1 за Милан.
Сите голови од овој интересен меч може да ги видите ТУКА.