23.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Милан повеќе од 80 години немал олку лош старт во првенствто

Милан донесе ново разочарување за навивачите на „Сан Сиро“ откако синоќа загуби со 1:3 од Фиорентина. Победата на Виолетовите и не е толку изненадување ако се знае дека ова е нивен петти триумф во последните 10 гостувања кај Милан. Едноставно, Фиорентина го знае рецептот како се победува Милан на негов терен, па и синоќа водеше со 3:0, а домаќините успеаја само да дадат почесен погодок.

За Милан ова беше четврти пораз во првите шест кола од новата сезона, нешто што на некогашниот гигант му се нема случено уште од далечната сезона 1938/39. Тоа значи дека Росонерите сега го имаат најлошиот старт на сезоната во последните 81 година.

Тренерот Марко Џампаоло засега не размислува за оставка велејќи дека е потребно време за да се решат појавените проблеми во играта.

 

- Оглас -

Најнови вести