Милан претрпе историски срам и пораз кој со години ќе се памети

Аталанта со зелени дресови по повод Божиќ, на своите навивачи им подари најубедлива во меѓусебните дуели против Милан, прегазувајќи ги Росонерите со 5-0. Аталанта од 1950 година наваму немаше дадено пет гола против Милан, па најголем дел од фановите сега за првпат видоа како изгледа тоа.

Ова е најтежок пораз за Милан во последните години. Лани во мај, Јуве ги порази со 4-0 во Купот на Италија, но оваа „петарда“ е вистински дебакл. Најубедливиот гостински пораз на Милан на гости во италијанската лига е 0-6, уште од далечната 1925 година, и уште еден гол фалеше тој неславен рекорд да биде изедначен. Милан и во 1998 година загуби со 0-5 на гости, тогаш од Рома.

Тимот од Бергамо е многу опасен кога ќе се разигра, не знаете од кого да се чувате, и после Манчестер сити, втора е во Европа според бројот на фудбалери кои имаат дадено пет или повеќе голови.

- Оглас -

Најнови вести