27.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Милан Ристовски: Мечот со Саудиска Арабија е одлична подготовка за дуелот со Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе се соочи со Саудиска Арабија во пријателски натпревар во Прага. Националниот тим го користи дуелот за темпирање на формата пред многу поважниот квалификациски меч против Лихтенштајн во Скопје, но секако посакува победа.

Милан Ристовски истакнува дека тимот ќе се прикаже во најдобро светло и дека ќе одигра квалитетен натпревар против незгодниот противник.

„Пред нас е добра проверка. Како и на другите квалификациски натпревари, така и на овој сакаме да се прикажеме одлично. Зад нас имаме одличен период, што ни влева надеж дека денес ќе одиграме квалитетно против Саудиска Арабија и добро ќе се подготвиме за Лихтенштајн.

Направивме кратка анализа на противникот. Се работи за квалитетен тим со одлични индивидуалци, кој преферира посед на топката, што мислам дека ни одговара нам. Се надевам на одличен натпревар и дека ќе одиграме на ниво“, изјави Милан Ристовски.

Натпреварот Македонија – Саудиска Арабија започнува денеска, во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести