Милан се коцка со ЛШ, го врати Јувентус во игра

Милан се коцка со Лигата на шампионите и ќе мора да победи во Бергамо против Аталанта, ако сака да игра во луксузната европска лига идната сезона.

Вечерва неочекувано Росонерите ремизираа без голови против Калјари на „Сан Сиро“ и пропуштија шанса веднаш да си обезбедат настап во Лигата на шампионите.

Ќе имаат и втора меч топка и ќе мора да ја победат Аталанта во Бергамо на 23. мај за да бидат сигурни патници за Лигата на шампионите идната сезона.

По нерешениот резултат вечерва Милан е на третото место со 76 бода, колку што има и четвртопласираниот Наполи, а Јувентус е зад нив со 75 бода.

Интер и Аталанта се веќе сигурни учесници во ЛШ, а уште две екипи ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите.

Милан во последното коло ќе и биде гостин на Аталанта, Наполи игра дома со Верона, а Јувентус ќе гостува во Болоња.

Милан има подобар меѓусебен биланс и против Наполи и со Јувентус, па и реми, дури и пораз во Бергамо во одредена комбинација им одговара за да бидат меѓу првите четири екипи во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести