Милан сака да купи тројца отпадници на Реал Мадрид. Наводно, Звонимир Бобан како претставник на Росонерите се наоѓа во шпанската престолнина, каде што преговара за Дани Себалјос, Маријано Дијас и Мартин Одегард, играчи на кои Зидан нема да смета во новата сезона.
Милан се обиде да ја искористи ситуацијата во која се наоѓа Кралскиот клуб. Тие треба да се ослободат од неколку играчи поради тоа што досега потрошија над 300 милиони евра за трансфери, па затоа Себалјос, Дијас и Одегард би можеле да се отселат од „Сантијаго Бернабеу“ во пакет.
Иако Дијас и Себалјос добиваа шанса кај Лопетеги и Солари, тоа нема да биде случај и со Зидан, додека Одегард по неколку позајмици, иако уште е млад, не покажува доволно квалитет за белиот дрес, па и тој ќе биде продаден ова лето.
Италијанскиот клуб имал намера да преговара и за услугите на Маркос Љоренте, но задоцниле со тој план бидејќи Шпанецот денес го официјализираше трансферот во Атлетико Мадрид.