Милан работи на ангажирање на нов напаѓач во јануари. Росонерите сакаат да доведат нов офанзивен играч, без разлика на иднината на Сантијаго Хименес.
Раководството на миланскиот клуб веќе стапило во контакт со претставници на напаѓачот на Вест хем, Никлас Фулкруг. Триесет и двегодишниот Германец сигурно ќе го напушти англискиот премиерлигаш.
Преговорите меѓу Милан и Германецот се во тек, а интерес за него покажува и Волфсбург.
Од почетокот на сезоната, Никлас Фулкруг одиграл само девет натпревари за Вест хем во сите натпреварувања и нема постигнато гол. Неговиот договор со англискиот клуб важи до летото 2028 година.

