Милан не даде гол а победи и сега е пред Интер (Видео)

Милан ги израдува своите навивачи на „Сан Сиро“, иако не даде гол во дуелот против Сасуоло. Гостите си постигнаа автогол во 35 минута, кога бекот Лирола го совлада својот голман. Тој потег се покажа и како клучен за радост на Милан и освојување на три бода.

https://youtu.be/jLMqvo0U510

На трибините на „Сан Сиро“ имаше околу 60.000 навивачи кои на крајот ја прославија не само победата, туку и поминувањето на градскиот ривал Интер на табелата. Милан сега има 48 бодови, а Интер кој синоќа загуби од Калјари со 2:1, остана на 47 бодови.

- Оглас -

Најнови вести