6.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Милан шест меча нема победа, но Пиоли најави дека е време таа низа да заврши

Милан заостанува дури 21 бодови во однос на новиот италијански првак Интер, но и понатаму е на второто место на табелата во Серија А. Росонерите вечерва на „Сан Сиро“ се домаќини против Калјари, а тренерот Стефано Пиоли вели дека е време конечно негоиот тим да ги израдува фановите.

„Сакаме да се вратиме на победите. Сакаме да ја задржиме втората позиција и тоа е важно. Мотивирани сме за дуелот против Кајлари. Нормално е на крајот од сезоната формата да не биде на највисоко ниво, но како тим сме подготвени“, вели Пиоли, кој додава дека многу тешко му паднала елиминацијата во Лигата на европа од Рома.

Во овој период од шест мечеви Милан има три порази и три нерешени дуели. Последен пат победи против Лече на „Сан Сиро“ со 3:0, а сега играат против Калјари кој се бори за опстанок во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести