16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Милан шокиран на „Сан Сиро“ од Кремонезе, Рома стартуваше со победа (Видео)

Уште на стартот од новата сезона во Серија А, Милан разочара. Росонерите на свој терен загубија со 1:2 од Кремонезе, тим кој до пред неколку месеци беше дел од Серија Б.

Иако Милан беше голем фаворит за победа, гостите најавија дека се дојдени да направат изненадување. Кремонезе поведе со погодокот на Федерико Баширото кој погоди со глава во 28 минута. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Милан израмни во судиското надополнување од првото полувреме и тоа со погодокот на Страхиња Павловиќ. Иако се очекуваше Милан да биде тимот кој треба да направи целосен пресврт и да ги израдува домашните фанови на „Сан Сиро“, се случи спротивното.

Кремонезе постигна втор гол и тоа спектакуларен кога Федерико Бонацоли со волеј удар ја затресе мрежата на домаќините во 61 минута. Погодокот на Бонацоли може да го видите ТУКА.

За разлика од Милан, Рома на „Олимпико“ славеше против Болоња со 1:0. весли Франка беше стрелец на единствениот гол во 53 минута, но тој беше доволен за Римската волчица да освои три бода.

Новиот тренер на Рома, Џанпјеро Гасперини стигна до 600 меча како тренер во Серија А. Тој е само петти стратег во историјата кој бил тренер на најмалку 600 натпревари во елитното италијанско натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести