Милан си купи вистински засилувања

Милан очекувано го декласира Калјари, победи со 3:0, а што е уште поважно за охрабрување, засилувањата Пакета и Пјонтек повторно беа расположени за игра, постигнаа по еден гол и потврдија дека ќе бидат големи засилувања.

Мечот почна со автогол на гостите, кој го постигна Цепители во 13. минута, а Пакета и Пјонтек во 22. и 62. минута ја запечатија победата на Милан.

Росонерите играат одлично во последно време и нанижаа серија од пет меча без пораз, па сега се четврти на табелата со 39 бодови и водат рамноправна битка со Интер, Аталанта, Рома и Лацио за позиции што водат во Лигата на шампионите.

Калјари  е во спортивен тренд, има шест меча без победа и е на само три бода над зоната за испаѓање во Калчото.

- Оглас -

Најнови вести