Милан со победа за јубилејот на Пиоли, а Ибра прослави рекорд

Милан влезе во победничка низа во италијанското првенство откако славеше и на гостувањето кај Венеција со 3:0, во меч од 21 коло во Серија А. Со овој триумф, Милан барем привремено се најде на врвот на табелата со 48 бодови, два повеќе од Интер, но Нераѕурите имаат два меча помалку. Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе игра дерби против Лацио.

Уште на самиот почеток од мечот во Венеција, Милан покажа дека е дојден да победи. Златан Ибрахимовиќ по само две минути игра ги доведе гостите до водство. Тој погодок на Ибра беше и рекорден за него, затоа што Венеција е 80-ти клуб против кој Швеѓанецот постигнува погодок во Топ 5 лигите.

Во второто полувреме Тео Ернандес со два погодоци само потврди дека Милан е подобар од Венеција и трите бода заминаа за Милано. На овој меч посебен јубилеј прослави и тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли. Стратегот на Милан по 400-ти пат беше на клупата на средба во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести