20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Милан стана третиот тим во историјата на Серија А кој дал 5.000 гола (Видео)

Фудбалерите на Милан ја остварија третата победа по ред во Серија А и се зацврстија на второто место на табелата и притоа испишаа историја во италијанскиот фудбал.

Росонерите славеа со 3:1 на гостувањето кај Верона и сега имаат 62 бода на второто место на табелата, три повеќе од Јувентус кој влезе во серија мечеви без триумф.
Милан покрај победата, стана третиот тим во историјата на Серија А, покрај Јувентус и Милан кој дошол до бројката од 5.000 гола во најсилната италијанска лига. Стрелец на јубилејниот гол беше Кристијан Пулишиќ.

 

Победата на Росонерите ја најави Тео Ерненадес со голот во 44-тата минута, а на стартот од второто полувреме, Кристијан Пулишиќ зголеми на 0:2.

Домаќинот внесе неизвесност со голот на Нослин во 62-та минута, но сите дилеми околу победникот беа решени во 79-тата минута кога Самуел Чуквуезе го постави конечниот резултат 1:3 за Милан.

- Оглас -

Најнови вести