Милан треба да го победи тимот од кој губеше во претходните два дуели

1002 Брентфорд – Нотингам форест (18.30 часот)

Пчелите имаат пет порази по ред, додека Форест има две победи едноподруго, па сега Шумарите имаат бод повеќе од конкурентот во битката за опстанок во англиската Премиер лига. Нотингам има три меча по ред со ГГ и 3+. Двата тим се ослабени, имаат повредени и играчи кои настапуваат на Африканскиот куп на нации. Брентфорд дома нема победа уште од 2 декември. Во минатата сезона кога овие тимови се сретнаа во Лондон, победи Брентфорд со 2-1 иако на полувреме водеа гостите. Во октомври кога Нотингам беше домаќин, средбата заврши 1-1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1807 Лајпциг – Баер Леверкузен (18.30 часот)

Новиот тим на Елиф Елмас е четврти на табелата, но има дури 12 бода помалку од Баер кој е прв, па битката за титула е загубена, но ова е дерби на колото во Бундеслигата. Лајпциг во минатото коло загуби дома од Ајнтрахт, и треба да се вади против екипа која не знае за пораз сезонава. Леверкузен на 17 меча даде 47 голови, а прими само 12. На последните три меча на Лајпциг паѓаа 0-2 гола, а Баер на три средби по ред победува без примен гол. Во август во Леверкузен беше 3-2 за Баер, од 2020 не било нерешено во нивните меѓусебни дуели.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.40)

 

3002 Удинезе – Милан (20.45 часот)

Удинезе е тим кој има дури 12 нерешени резултати во 20 кола сезонава во Серија А. Милан е во добра форма, за нив реми би било неуспех. Росонерите кои посакуваат пласман во ЛШ, се втор најефикасен тим во лигата, додека Удинезе има само две победи и се бори за опстанок. Удинезе е незгоден ривал за Милан, тимот од Удине ги доби последните два меѓусебни дуели, од кои и оној во ноември во Милано. Милан во 2020 последен пат победи на „Фриули“.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.55)

 

1305 Селта – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Сосиедад има серија од четири меча по ред без победа, па сега се шести на табелата во шпанската лига. Селта е десет места подолу, но има две победи во последните четири кола и почна да бега од дното. Традицијата ги фаворизира гостите, Баскијците ги добија последните три гостувања во Виго. Летоска во Сан Себастијан на стартот на сезонава, мечот заврши 1-1, а кај Реал вечерва ќе го нема Кубо поради репрезентативни обврски.

Предлог тип: Х2 & 2>1 (2.60)

 

5636 Тунис – Мали (21.00 часот)

Тунис во првото коло на Африканскиот куп на нации киксираше против Намибија, загуби 0-1, додека Мали тргна со победа над Јужна Африка од 2-0, па двата тима влегуваат во меѓусебниот дуел во различно расположение. Мали има поголем фонд на квалитетни играчи, a Тунис не смее да си дозволи нов пораз. Последните неколку меѓусебни дуели на овие селекции беа неефикасни со 0-2 гола, нема да биде изненадување ако таа традиција продолжи и вечерва.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (1.99)

- Оглас -

Најнови вести