Миленикот на Пеп Гвардиола ќе си оди од Манчестер сити по цели десет години

Манчестер сити оваа сезона мака мачи со повредите на дефанзивците, па на мечот против Челзи од игра мораше да бидат извадени Јошко Гвардиол и Рубен Дијас. Од претходно повреден е и миленикот на Пеп Гвардиола, Џон Стоунс.

Токму тој е фудбалерот кој веќе десет години е дел од Манчестер сити, откако во 2016 година за 56 милиони евра се пресели од Евертон, но последниот период му го обележаа повредите, па оваа сезона настапи на само 12 меча, а минатата сезона беше повреден на дури 48 натпревари.

 

Пеп Гвардиола најави дека договорот кој му истекува налето нема да му биде продолжен, а по најавите дека во редовите на „граѓаните“ ќе пристигне Марк Гехи, и размислувањата на самиот фудбалер се во таа насока.

Иако се работи за одличен дефанзивец, сепак ниту Манчестер сити, а ниту Стоунс, не сакаат продолжување на соработката, па 31-годишниот дефанзивец од следната сезона ќе има нова фудбалска средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести