Милер бил пред трансфер во Манчестер јунајтед, ама жената го вратила од аеродром

Томас Милер е една од најголемите легенди на Баерн Минхен и речиси е сигурно дека целата своја кариера ќе ја мине во овој клуб.

Но, интересно е што за германската легенда, Манчестер јунајтед бил добро загреан и во 2015 година бил пред потпис со него.

Баерн Минхен ја прифатил понудата од 100 милиони евра, а платата на Милер ќе изнесувала 20 милиони.

Сè било договорено за трансфер сè додека сопругата на Томас, Лиса, не го стопирала сето тоа.

„Сè беше договорено и јас неколку пати му се јавив на Томас за трансфер во Манчестер.

На почетокот раководството на Баерн Минхен беше тврдоглаво и не сакаше да прифати, а потоа кога тие се согласија, Томас побара согласност од својата сопруга, но таа не сакаше да се пресели во друг град.

Затоа трансферот пропадна“, изјави Ван Хал во книгата на Кристијан Фалк, Баерн инсајдер, која дава ексклузивни информации за сето тоа што се случува во германскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести