Милер ги разреши дилемите: „Не би знаеле дали да фрлаат со пиво или со рози по мене“

Томас Милер веќе 25 години е дел од Баерн Минхен, а во 2008 година дебитираше и за првата екипа на „баварците“. Легендата на клубот ќе си замине, а на големо изненадување се појавија шпекулации дека ќе премине во редовите на лутиот ривал, Борусија Дортмунд.

Токму германското дерби кое се одигра вчера беше причина Милер да доби прашања и на оваа тема.

„Жолтиот ѕид би бил изненаден, не би знаеле како да се однесуваат. Не би знаеле дали да фрлаат со рози по мене или со пиво.“ – низ смеа одговори Милер.

Се велеше дека клучна улога во овој трансфер може да одигра спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел, но Милер и тоа го демантираше.

„Не, ме нема побарамо да преминам кај нив. Ми рече дека засилувањата од Баерн Минхен ретко поминуваат кај нив.“ – одговори Милер.

- Оглас -

Најнови вести