Баерн Минхен губи од баварскиот сосед Аугсбург (оддалеченоста од Минхен до Аугсбург е 80 километри) со 1-2 по првото полувреме на вечерашниот бундеслигашки дуел.
Томас Милер го игра својот 600-ти официјален меч во дресот на Баерн, а тој беше асистент при голот на Роберт Левандовски. Полјакот има неверојатен скор од 11 гола на гостувањата кај Аугсбург, со што го изедначи бундеслигашкиот рекорд на Герд Милер по број на голови против еден ист противник.
Со овој гол на Леви, Баерн само ја преполови негативата која беше и 0-2. Остануваат уште 45 минути за фаворитот да направи пресврт и да спречи втор пораз сезонава.