Милер се налути: Ако јас можам да трчам на топлово време, можете и вие!

Напаѓачот на Баерн Минхен, ветеранот Томас Милер, одговори на критиките од неговите колеги за високите температури во САД, каде што се одржува Светското клупско првенство.

„Ние сме професионалци и мора да бидеме во добра физичка форма. Ако јас, на речиси 36 години, можам да трчам 90 минути на жештина, тогаш сите би требало да можат. Нема изговори“, рече Милер.

Неговите коментари дојдоа еден ден откако Баерн загуби од Бенфика во натпревар одигран во Шарлот, Северна Каролина, на температура од 40°C. Натпреварот беше тест за физичката подготвеност на играчите, при што некои изразија фрустрација поради екстремните услови.

- Оглас -

Најнови вести