Томас Милер беше прогласен за најдбар фудбалер во Баерн Минхен за минатата сезона. Тој е пример за лојалност затоа што повеќе од 20 години е во баварскиот гигант. Од германскиот репрезентативец беше побарано мислење за тоа како може фудбалерите да добиваат многу поголеми плати од кошаркарите и ракометарите во Европа.
„Точно е дека ние фудбалерите заработуваме повеќе од кошаркарите и ракометарите. Не е тоа затоа што ние играме подобро, туку затоа што фудбалот е многу попопуларен спорт“, објасни Милер.
Милер беше запрашан за тоа како фудбалерките во САД се исто платени како фудбалерите, а во Европа ситуацијата е сосема поинаква.
„Во САД фудбалот е многу атрактивен и многу публика има на стадионите. Во Германија има силни екипи како Баерн Минхен и Волфсбург кои одлично се справуваат во Лигата на шампионите за жени. Но, навистина не знам зошто женскиот фудбал е помалку гледан од машиот“, беше објаснувањето на Милер.