Милер вечерва го чека голем јубилеј во дресот на Баерн Минхен

Томас Милер уште како 11-годишно дете дојде во школата на Баерн Минхен и оттогаш е дел од баварскиот гигант. Во 2008 година дебитираше за првиот тим и започна една приказна која уште трае.

Милер ги освои сите најзначајни трофеи со Баерн. Десетпати беше првак на Германија, шестпати го освојуваше Купот на земјата, а седумпати се радуваше во Суперкупот. Има и две титули во Лигата на шампионите, две во Суперкупот на УЕФА и две на Светското клупско првенство.

Во изминативе 14 сезони, Милер одигра вкупно 599 натпревари за Баерн, што значи дека вечерва на гостувањето кај Аугсбург ќе го игра јубилејниот 600-ти натпревар за најтрофејниот германски клуб.

Милер во Бундеслигата има одиграно 394 средби, во Лигата на шампионите играл 128 пати, а во Купот на Германија настапил на 60 меча. Има уште и 17 средби во други натпреварувања.

Милер има и 110 настапи во репрезентативниот дрес на Германија.

- Оглас -

Најнови вести