Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија е делумно задоволен од прикажаната игра на неговите избраници во ремито против Молдавија (1:1). Тој смета дека има уште да се поправаат некои работи кои не функционираат како замислил стручниот штаб на чело со него.
„Може само да честитам на играчите за желбата, за шансите, за сето тоа што го прикажаа. За жал не искористивме барем уште една од тие 5-6 шанси за гол. Видовме прекрасен гол на противникот и мислам дека тоа им беше прв шут во рамките на голот, но тоа е тоа.
Потенцирав и пред мечот дека ќе дадеме шанса на одредени играчи за да видиме како се однесуваат на поинакви позиции од тие на кои се навикнати да играат. Можам да кажам дека сум делумно задоволен, но имаме простор да исправаме уште многу работи кои не функционираат како сме замислиле и треба да бараме решение за позиции кои ни се проблематични во моментов и затоа се овие контролни натпревари.