Милевски дополнително го повика Даци за дуелот со Украина

Селекторот на фудбалската федерација на Македонија, Благоја Милевски, одлучи дополнително да го повика фудбалерот на Вестерло, Ердон Даци, за претстојниот квалификациски дуел за пласман на ЕП 2024.

Даци ќе се појави на утрешниот собир на репрезентативците во хотелот Хилтон во 12 часот.

Македонија на 14-ти октомври во Прага ќе игра против селекцијата на Украина во рамки на шестото коло од квафикациите за ЕП 2024.
Првиот дуел кој се играше во Скопје заврши со триумф на Украина од 2:3, иако Црвено-жолтите имаа водство од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести