Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во стандардната база, хотелот „Хилтон“ во Скопје, каде што веќе се одржа прозивката во пресрет на претстојните квалификациски натпревари против Белгија на 10 октомври во Гент и три дена подоцна против Казахстан во Скопје.
Селекторот Милевски ги пречека своите избраници во ведра и позитивна атмосфера, а за попладне е закажан и првиот тренинг.

Што се однесува до тимот, тој е речиси идентичен со составот од претходните собири, а во селекцијата се враќаат Давид Бабунски и Стефан Ашковски.
Македонија во моментот е лидер на табелата во групата за СП 2026. Би било фантастично доколку успее тоа место да го задржи и по двата меча во октомври.