Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди стартниот тим за денешниот натпревар (18 часот) против Летонија во Рига.
На голот е Столе Димитриевски, во стоперската линија се Манев и Муслиу, а на страничните позиции во одбраната се Ашковски и Алиоски.
Во средниот ред ќе делуваат Барди, Алими, Бабунски и Атанасов, и во нападот се Миовски и Елмас.