Милевски: Мора да бидеме похрабри!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, смета дека Македонија играше добро во второто полувреме на средбата која ја загуби од Чешка со 1-2, а не сакаше да ги коментира пеналите со кои домашните дојдоа до победата.

„Честитки за моите момци, посебно за играта во второто полувреме. Направивме некои корекции на полувреме. Знаевме дека играта на Чесите се базира на сила, на трчање. Жалам што не почнавме да играме порано, ни фали таа самодоверба со топката во нозе. Треба да бидеме похрабри кога имаме посед на топка. Не сакам да ги коментирам пеналите, тоа е работа на судиите и ВАР. На Чесите им посакувам успех на Европското првенство“, рече Милевски на прес-конференцијата во Храдец Кралове.

- Оглас -

Најнови вести