Благоја Милевски вели дека Македонија одигра добар меч со Финците, промашивме доста шанси и тоа е болната точка на нашата репрезентација, што мора да се коригира.
„Одигравме висок пресинг, ги држевме долго на нивната половина и создадовме доста шанси, но мора да ја поправиме реализацијата. На натпревари на репрезнтацијата мора да се даваат голови, но не можам да не бидам незадоволен“, вели Милевски.
Ремизиравме 1:1 со Финците и ја прекинавме серијата од 405 минути без постигнат гол, но ни останува низата од четири меча без победа.
„Јас бев свесен дека ќе мора да ја освежиме и да ја подмладиме репрезентацијата и верувам дека сме на добар пат. Мораше да дојде до емотивно празнење на поискусните репрезентативци по неколку убави успеси. Мораме да мислиме и на иднината, но не ги отпишуваме сите што се квалитетни, без разлика на годините. Погледнете го Несторовски, се врати, заслужи да игра и одигра одлично. Ми е жал што не пстигна гол, а заслужи со желбата со борбеноста, со квалитетот. Имаме добри фудбалери и очекувам убава иднина на македонскиот фудбал“, додаде Милевски.
Следен тест на репрезентацијата е мечот со Азербејџан за три дена во Скопје од 14 часот.