Милевски: Не сме дојдени на туризам во Италија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата во Рим рече дека нашите фудбалери не се дојдени во Вечниот Град само како туристи.

„Кога работите во фудбалот, секој се надева на успех, така е и за утрешниот меч. Не дојдовме тука на туризам, туку да извлечеме што е можно подобар резултат. Секој меч е приказна за себе, никој не е ист како претходниот. За нас утрешниот меч има посебна тежина, ќе дадеме максимум, а за тоа ќе мора да одиграме на високо ниво“, рече Милевски, кој потврди дека Александар Трајковски нема да биде во составот поради мускулна повреда.

- Оглас -

Најнови вести