Милевски: Не сум задоволен од формата на повеќето репрезентативци

Селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на кандидати за претстојните средби со Грузија и Бугарија од Лигата на нации, а предупреди дека не е задоволен од формата во која се повеќето репрезентативци.

„Не случајно има 27-мина фудбалери на списокот, бидејќи имаме повеќе проблеми. Искрено не сум задоволен од формата на поголемиот дел од репрезентативците. Чурлинов пријави повреда, ќе ја следиме неговата ситуација, па ќе одлучиме дали ќе може да игра. Веќе се навикнавме овие момци пријатно да нè изненадуваат, па затоа додека има шанса да се бориме за првото место, ние ќе играме за таа позиција“, рече селекторот.

Милевски се надева дека нема да треба да направи подлабок рез во селекцијата, но факт е дека дел од играчите немаат клубови, а некои „вчера“ најдоа клуб.

„Поголемиот дел од играчите се под потребната форма, освен Адеми, Стефан Ристовски, Милан Ристовски и Бојан Миовски, коишто играат во одлична форма. Останува период во кој репрезентативците кои се повикани, да ја подигнат формата. Треба да се обидеме да го задржиме нивото за кое се изборивме во минатиот период и да стремиме да бидеме подобри, дообјасни Милевски.

- Оглас -

Најнови вести