Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) во Рига го игра третиот натпревар од Лигата на нации. По ремито против Фарски Острови во Торшавн и триумфот над Ерменија во Ереван, мисијата е да се остане на првото место и по овој октомвриски циклус.
Тоа подразбира и максимални шест бода од овој мини циклус.
Селекторот Благоја Милевски верува дека националниот тим има квалитет и сили да стигне до триумф на утрешниот дуел против Летонија.
„Тимот на Летонија го има нашиот максимален респект, меѓутоа ние сме фокусирани на нашето издание. Веќе кажав и тоа навистина го мислам, дека Македонија ќе се прашува за изгледот на групата и првото место. Секако дека ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов во одбраната, но и Трајковски и Чурлинов, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат“, изјави селекторот Благоја Милевски.