Милевски „селектираше“ без изненадувања, Несторовски сè уште е недоволно закрепнат (ФОТО)

Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на коишто ќе смета за претстојните квалификациски натпревари против Ерменија и Исланд.

Селекторот на нашата репрезентација не приреди поголеми изненадувања во изборот, иако постоеше мала шанса да го видиме и Илија Несторовски за овие два натпревари.

Напаѓачот по шест месеци полека се враќа од повредата на коленото и јасно е дека ќе ни биде потребен во иднина.

Против Ерменија играме на гостински терен на 11 овој месец, а само три дена подоцна ќе го пречекаме Исланд на арената „Тодор Проевски“.

- Оглас -

Најнови вести