19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Милевски со двајца дебитанти против Саудиска Арабија и Лихтенштајн (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, се одлучи да повика 26-мина фудбалери за натпреварите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн.

На списокот има двајца дебитанти, Решат Рамадани од екипата на Шкендија, како и Елмин Растодер од швајцарскиот Тун.

Македонија во септемврискиот прозорец најпрво ќе одигра пријателски меч против Саудиска Арабија во четврток во Чешка, а во недела во Скопје ни гостува Лихтенштајн во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

- Оглас -

Најнови вести