Давид Бабунски, Ѓоко Зајков и Стефан Ашковски се трите нови имиња во стартниот состав на македонската фудбалска репрезентација за дуелот со Ерменија од 20.45 часот во Скопје во однос на гостувањето кај Фарски Острови.
Од тие 11-мина кои беа стартери во Торсхавн, сега ги нема Серафимов, Митровски и Илјазовски.
Чурлинов и Елмас како крила ќе го сочинуваат нападот заедно со шпицот Миовски, а формацијата на Македонија ќе биде 3-4-3, со креативниот Бабунски како новина во средината.