Милик не доцни, Наполи ја победи Аталанта

Аркадјуш Милик ги скрати маките на Наполи против опасната Аталанта и со гол во 85-тата минута им донесе победа и три важни бода на „наполитанците“.

Во последниот меч од 14-тото коло во Серија А во Бергамо, Наполи славеше со 2-1. Гостите поведоа со голот на Фабијан Руис во втората минута, а и крајот беше како и почетокот – со гол за Наполи и победа за второ место.

Аталанта напаѓаше по примениот гол, успеа да израмни на 1-1 со голот на Дуван Запата во 56-тата минута, но не успеа да издржи докрај.

Наполи го забележа десеттиот триумф сезонава во Калчото и со 32 бода е втор, зад шампионот Јувентус со 40  бодови.

Аталанта со 18 бодови остана на 11-тото место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести