Лионел Меси и соиграчите конечно го урнаа бедемот на Ла Паз и по 15 години пост, ѝ донесоа победа на Аргентина против Боливија на гостински терен.
Вечерва Гаучосите славеа со 2:1, а буквално одлучуваа и милиметри при победничкиот гол на Хоакин Кореа во 79-тата минута.
Долго судиите во ВАР-собата проверуваа дали Лаутаро Мартинес беше во офсајд при акцијата за победа на Аргентина, а одлучуваа милиметри и беше досудено дека голот е регуларен.
https://twitter.com/MessiMX10i/status/1316131660518354945?s=20
Мартинес одлично го проигра фудбалерот на Лацио, Кореа, а овој со гол конечно ѝ донесе победа на Аргентина во забранетиот град за нив.
Ла Паз е место со најголема надморска висина во светот на фудбалот, таму се играат мечеви на репрезентации на 3.600 метри надморска висина, што е голем проблем за сите, па и за дрим-тимот на Аргентина.
И повторно, по голот на Морено во 24-тата минута, кога Боловија поведе со 1:0, имаше сомнежи дека ќе продолжи аргентинскиот пост без победа во Ла Паз од 2005 година, но Лаутаро Мартинес, пред сè, не мислеше така.
https://twitter.com/LaTeleTuya/status/1316113450716803074?s=20
Напаѓачот на Интер постигна чуден гол во 45-тата минута за израмнување на 1:1, а потоа со одлична асистенција му овозможи на Кореа да даде гол за победа на гостите.
https://twitter.com/FutbolFax/status/1316119448462401536?s=20
По две кола во јужноемаериканските квалификации за настап на Мундијалот во Катар, Аргентина има шест бода, а Боливија е последна без бодови.