Милионерите бараат многу милиони за Халанд – Сумата е огромна и ќе ги замисли гигантите

Борусија Дортумнд ја одреди цената за евентуален трансфер на Ерлинг Халанд и сумата е 180 милиони евра, ако тоа се слули ова лето.

Милионерите веруваат дека норвешкото чудо вреди многу, а ако се најде клуб кандидат што ќе ја плати таа сума, тогаш Халанд ќе го израмни вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот.

За напаѓачот на Борусија заинтересирани се многу гиганти на еврпопскито фудбал, меѓу кои се и Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, ПСЖ…

За таа сума од 180 милиони евра, Килијан Мбапе на 31. август во 2017 година се пресели од Мкнако во Пари Сен Жермен, а формулата беше 145 милиони евра плус уште 35 во одредени бонуси што Светците ги договорија со ривалот од Лига 1 во Франција.

Рекордот се уште е недостижен и го држи Нејмар со преселбата од Барселона во Пари Сен Жермен. Неполн месец пред да потпише Мбапе, ПСЖ и плати на Барселона рекордни 222 милиони евра за Бразилецот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести