Милионерите го сменија тренерот што се најде двапати во Топ-10 со најскапи трансфери во Бундеслигата

Марко Розе доби отказ од раководството на Бундеслигата и третиот најскап тренер во историјата на германското првенство се раздели со популарните Милионери.

Розе пристигна на „Сигнал Идуна парк“ лани, на стартот од новата сезона во третиот најскап тренерски трансфер откако постои Бундслигата, но брзо си замина.

За него Борусија Дортмунд му плати на имењакот од Менхенгладбах сума од над 5 милиони евра, но оценето е дека резултатите не се задоволителни.

Борусија е вицешампион на Германија, но ја загуби титулата во националниот куп, а имаше скромни настапи и во Лигата на шампионите и во Европа Лигата.

Розе добро го познава и македонската јавност, бидејќи беше тренер на младинците на Салцбург, кои во сезоната 2016/17 станаа европски прваци во Лигата на шампионите за играчи до 19 години.

Во успешниот поход на младите Бикови, падна и скопски Вардар со два убедливи порази од 0:5 и 0:3, а потоа Салцбург ја освои и титулата.

Розе е двапати во Топ-10 најскапите тренерска трансфери во историјата на германскиот фудбал, на третото мести кога ја смени позицијата од Борусија Менхенгладбах и се пресели во Борусија Дортмунд и претходно во 2019 година кога од Салцбург за отштета од 2.5 милиони евра се пресели во тимот од Менхенгладбах.

Highest fees paid for coaches in the Bundesliga [Bild] from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести