Милионерите наредија три победи и најави дека трката за титулата во Германија е отворена (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија со 2:0 на гости кај Баер Леверкузен, во меч од 18. коло во Бундеслигата. Со оваа победа, Борусија стигна до 34 бодови и е на четвртото место на табелата со само три бода помалку од лидерот Баерн Минхен. На табелата, разликата меѓу лидерот и петиот Фрајбург е само три бодови, што само покажува дека борбата за титулата е отворена.

На гостувањето во Леверкузен, Борусија поведе со голот на Карим Адејеми во 33 минута, а погодокот може да го видите ТУКА. За Адејеми ова беше прв погодок во неговиот 14-ти меч во Бундеслигата.

На почетокот на второто полувреме, Тапсоба си постигна автогол и беше потврдена победата на гостите.

- Оглас -

Најнови вести