Милионерите не се откажуваат од ЛШ, ќе ги бркаат Ајнтрахт и Волфсбург до крај

Борусија Дортмунд не се откажува од битката за пласман во Лигата на шампионите, го победи Унион Берлин со 2:0 и од петтата позиција ќе чека кикс на Ајнтрахт и на Волфбсург за пробив меѓу квартетот што ќе игра во луксузната европска лига следната сезона.

Со головите на Ројс и на Гвереиро, Милионерите победија со 2:0, но сè уште имаат четири, односно пет бода помалку од Ајнтрахт и од Волфбсург.

Волците славеа убедливо со 3:1 на гостувањето кај Штутгарт и останаа трети со 57 бода, пет повеќе од Борусија Дортмунд и еден од Ајнтрахт.

Хофенхајм со пресврт од 0:2 стигна до победа од 3:2 против Борусија Менхенгладбах, а значаен триумф на гости во битката за опстанок забележа Мајнц против Вердер со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести